Франција без главните ракометари во Атина – Може ли јужниот сосед до сензација?

Репрезентацијата на Франција за квалификациските натпревари против Грција за настап на Европското првенство 2022 година ќе настапи без тројца главни ракометари.

Во составот на Гијом Жил нема да бидат Лука Карабатиќ, Мелвин Ричардсон и Јанис Лене. Сите тројца ракометари поради повреда ќе ги пропуштат квалификациските дуели против Грција.

За да ги пополни нивните отсуства, Гијом Жил повика дополнително двајца нови ракометари, десното крило на ПСЖ, Беноа Конкуд и левиот бек на Рајн Некар, Ромен Лагард.

Французите првиот квалификациски натпревар против Грција го играат утре во Атина, а реванш натпреварот е закажан за 2 мај во Кретеј.

Од квалификациската Група 1 сигурен патник на Европското првенство во Унгарија и Словачка е Србија. Франција е на второто место со пет бодови, додека Грција со бод помалку е на третото место (и двете селекции имаат по четири бода од двата дуели против Белгија, кои не се играат откако Белгија се откажа од квалификациите).