Репрезентацијата на Чиле во Скопје ги одработе подготовките пред настапот на СП во Египет во рамките на кои беа одиграни два контролни натпревари со македонската репрезентација.
Овие две селекции ќе се сретнат и по трет пат во рок од десетина дена, но третиот дуел ќе биде во Каиро и ќе биде официјален во рамките на третото коло во групата Г на Мундијалот.
Иако во Скопје на два пати загубија од Македонија (25-21, 28-24), во јужноамериканската селекција во новата пресметка со „црвено-жолтите“ ја гледаат својата шанса за пласман во следната рунда на СП.
„Беше тешко да се игра против Египет во првиот меч. Не бевме толку добри колку што моравме да бидеме за победа против еден голема репрезентација. Имавме тежко двобој и против Шведска, но против Македонија имаме добри шанси за пласман во следната фаза од шампионатот и знаеме како треба против нив. Нашиот натпревар со Македонија ќе биде клучен“, изјави среднот бек на Чиле, Емил Фојхман.
Во воведниот меч на СП, Чиле загуби од Египет со 29-35, а потоа беше поразен од Шведска со 26-41.