Тимот на Еурофарм Пелистер по поразот од Ним, се врати на победничките патеки во Лигата на Европа и во Битола го совлада швајцарскиот Кадетен Шафхаузен со 27:26.
Победничкиот погодок го постигна средниот бек Јосип Периќ, кој натпреварот го заврши како најефикасен со седум постигнати погодоци.
Двајцата ракометари на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ и Мирко Радовиќ веднаш после натпреварот ја прославија победата на трибини со навивачката група „Чкембари“, која денес беше осми играч на своите миленици.