Пред повеќе од 6.000 навивачи во Нант, Кирил Лазаров, беше испратен со спектакуларно шоу во играчка пензија.
Македонецот го одигра последниот натпревар за Нант на домашен терен, а раководството и навивачите го поздравија така како што заслужува – кралски.
Воопшто последниот натпревар во кариерата, Лазаров ќе го одигра во финалето на Купот на Франција против силниот ПСЖ.
Колекцијата на Лазаров е 56 трофеи освоени во сите држави каде што играл, но би можела да биде збогатена и за уште еден плус.