Финалето на Струшкиот турнир продолжува во спортска сала „Тими“ од 21:30 часот

Финалето на 51. издание на Струшкиот турнир меѓу Алкалоид и Вардар ќе се доигра во спортската сала „Тими“

Во текот на 18-та минута, при водство на Вардар од 7:5, организаторот го прекина дуелот поради дождот на отвореното игралиште „Горан Поповски Бабец“.

Следуваше пауза од 10 до 15 минута, но се уште има временски непогоди во Струга, па така беше одлучено финалето да продолжи во салата „Тими“.

Продолжението на дуелот е закажано за 21:30 часот.

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!