Натпреварот од 18. коло од Супер машката лига кој беше предвиден да се игра утре од 16 часот меѓу Радовиш и Металург нема да се игра во предвидениот термин и засега ќе се води како одложен.
Поради добро познатата ситуација во која се наоѓа тимот на Металург, оваа средба засега е одложена и веројатно ќе добие нов термин.
Засега двете средби од продолжението на сезоната на Металург се одложени после суспензијата од ЕХФ, па откако во средата не беше одиграна средбата против Вардар, сега нема да биде одигран ниту дуелот против Радовиш што е најава за зголемување на бројот на одложени натпревари.