Во следната сезона во Суперлигата ќе играат 16 екипи поделени во две групи по осум во регуларниот дел од сезоната.
Ракометната федерација ја закажа ждрепката за групите во текот на утрешниот ден од 14:00 часот, по што ќе биде познат и распоредот на натпреварите.
Во регуларниот дел сите екипи ќе одиграат по 14 меча, а потоа најдобрите четири од двете групи одат во плеј-оф, додека оние од петто до осмо место ќе играат плеј-аут.
Местото во шеширите пред ждрепката е добиено по пласманот во штотуку завршената сезона, во која дури пет прволигаши изборија место во елитата.
шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер
шешир 2: Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2
шешир 3: Тиквеш, Охрид
шешир 4: Пролет, Прилеп
шешир 5: Струга, Радовиш
шешир 6: Алкалоид, Голден Арт,
шешир 7: Јуниор КВ, Вардар Неготино
шешир 8: Куманово, Скопје