Женската репрезентација на Украина ќе продолжи со настапите во квалификациите за ЕП 2022 година кое заеднички ќе го организираат Македонија, Црна Гора и Словенија
Ракометната федерација на Украина го испрати својот став до ЕХФ, но и до селекциите кои се натпреваруваат во четвртата квалификациска група (Хрватска, Франција и Чешка). Сега се објавени и термините за натпреварите во квалификациите.
Против Хрватска Украинките ќе играат на 20-ти април во 19:00 часот. Поради ситуацијата во нивната земја секако не можат да бидат домаќини, па овој натпревар ќе се игра во Грац, Австрија. Во истиот ден во Грац ќе се сретнат и селекциите на Австрија и Данска. Вториот натпревар ќе го играат три дена подоцна на гостински терен против Франција во терминот од 20:30 часот.
До овој момент избраничките на Виталиј Андронов одиграа два натпревари: На гости ја совладаа Хрватска (22:23) и изгубија од Франција дома со 28:25.
СИТУАЦИЈАТА ВО ГРУПАТА: 1. Франција – 8 бода (четири натпревари) 2. Украина – 2 бода (два натпревари. 3. Хрватска – 2 бода (четири натпревари) 4. Чешка – 0 бода (два натпревари).