Се одигра последното 6. коло од квалификациските групи за пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022 година и познати се сите патници на собирот на најдобрите.
Репрезентацијата на Австрија во клучниот натпревар беше подобра од Босна и Херцеговина со 27:23 и обезбеди пласман на ЕП во директен дуел со најголемиот ривал во групата.
Австрија имаше предност во текот на сите 60 минути и заслужено стигна до победата. На полувремето домашниот тим имаше предност од 15:11, а во продолжението Австријците постојано имаа предност од пет или шест гола и без проблеми победија. Босанците и како третопласирани во оваа група со Германија и Австрија обезбедија место на ЕП
Чешка стигна до потребната победа против Украина која ги носи на Европското првенство. Во директен дуел Чесите не дозволија изненадување на домашен терен и славеа победа од 27:22.
Украина беше рамноправен противник дваесетина минути, а потоа домаќините го преземаа водството и на полувреме имаа водство од 14:11. Во продолжението Чешка имаше целосна контрола на играта и резултатот за победа која ги носи на ЕП.
И покрај поразот, Украина ќе игра на ЕП како една од најдобрите третопласирани, заедно со Литванија.
Квалификации за ЕП, 6 коло:
Македонија – Швајцарија 29-28
Црна Гора – Романија 23-19
Србија – Белгија 10-0 сл.
Норвешка – Италија 37-16
Данска – Финска 46-24
Фарски Острови – Русија 23-28
Франција – Грција 46-30
Австрија – Босна и Херцеговина 27-24
Германија – Естонија 35-20
Шведска – Косово 39-16
Чешка – Украина 27-22
Белорусија – Летонија 30-26
Исланд – Израел 39-29
Португалија – Литванија 30-25
Холандија – Полска 32-30
Словенија – Турција 39-24