Украина без една од најдобрите ракометарки против Македонија?

Репрезентацијата на Украина, која е ривал на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство 2023, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска, има проблеми на десната крилна позиција.

Неизвесна за бараж двомечот со Македонија е искусната ракометарка на Валчеа, Евгенија Левченко. Иако десното крило има повреда, сепак, се најде на скратениот список кај Виталиј Андронов.

Стратегот на Украина истакна дека на оваа позиција е повикана искусната ракометарка на Јарослав, Наталија Воловник, бидејќи во евентуално отсуство на Левченко, младата Милана Шукал нема да може да го издржи темпото со избраничките на Савевски.

Првиот дуел меѓу Македонија и Украина ќе се одигра на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток од 19:00 часот.

Реванш дуелот ќе се одигра на неутрален терен, во Кишварда (Унгарија) на 11 април, со почеток од 17:00 часот.