Екипата на Прилеп добива големо засилување за пролетниот дел од сезоната откако за овој тим потпиша пивотот Александар Тренчевски.
Прилепчанецот кој се враќа дома после играњето за неколку екипи ќе донесе големо искуство во младиот тим, а со тоа Прилеп ќе биде и во многу добра позиција во битката за што е можно подобар пласман.
Тренчевски е играч кој во својата кариера има настапувано и за составите на Вардар јуниор, Зомимак, Струга, Паргас ИФ од Финска и за Астраион откаде што се врати во Прилеп.
Ова е потврда на информацијата која пред неколку дена ја објави 24 Ракомет така што со ова само станува јасно дека Прилеп сериозно го сфаќа предизвикот напролет и ќе биде доста возбудливо. Воедно тренерот Горан Кузманоски добива многу посилна екипа и поконкурентна, па ќе има и повеќе опции.