Топ тема низ сите европски медиуми се финансиските проблеми на норвешкиот првак Колстад, дрим-тим во најава, кој се чини дека нема да биде тоа.
Тренерот на Колстад, Кристијан Берге, во интервју за „ТВ2“ откри дека тој се согласил на помала плата и ќе остане во клубот.
„Јас го прифатив тоа и сакам да продолжам да работам овде. За мене на прво место се спортските резултати. Секако, го прифаќам изборот на другите. Ако некој реши да си замине, во ред, ние ќе работиме со тие што ќе останат. Со тие што ќе останат ќе се обидеме да го извлечеме максимумот“, изјави Берге.
Денеска е првиот собир на Колстад пред стартот на новата сезона, а засега единствено е најавено заминувањето на исландскиот плејмејкер Смарасон. Сепак норвешките медиуми шпекулираат дека повеќето ракометари веќе имаат понуди од други европски екипи.
Колстад е првиот гостин во Битола во Лигата на шампионите од новата сезона и треба да игра против Еурофарм Пелистер на 12/13 септември.