Тренерот кој ја донесе втората круна на Вардар, дебитираше со победа како селектор

Стратегот на „црвено-црните“, кој во минатата сезона ги предводеше до титулите во Лигата на шампионите, СЕХА-лигата и домашното првенство, Роберто Парондо дебитираше како селектор на Египет.

Тој имаше деби со победа на првата од двете контроли против репрезентацијата на Египет. Победата од 30:25 покажа дека ќе има простор за напредување, но и дека репрезентацијата на Египет располага со одлични ракометари кои Парондо ќе треба да ги вкомпонира во добар тим до Мундијалот во 2021 година.

Селекциите на Египет и на Португалија ќе имаат уште едно одмерување на силите, а тоа ќе се случи утре така што ова ќе биде можност за уште едно докажување на квалитетите.