Стартот на втората рунда на Светското првенство во Египет донесе уште еден пораз на Македонија и тој е највисокиот во групите во кои репрезентациите се борат за пласман во четврт-финалето.
Ситуацијата е таква што Македонија веќе и теоретски ги загуби шансите за четврт-финалето, па последните два меча ќе бидат само за освоување на некој бод.
Затоа, пак, имаше многу интересни средби на другите дуели. Нешто помал беше поразот на РУсија иако и таа губеше многу од Египет, па во финишот намали. Во Групата 4 најинтересниот натпревар го имаа Шведска и Белорусија каде имаше големо враќање на Швеѓаните после осум гола негатива во 23. минута. На крајот беше нерешено така што имаше доста возбудувања.
И додека во Групата 4 каде е Македонија имаше различен епилог, во Групата 3 на сите дуели имаше максимална возбудливост и неизвсност. На победи се радуваа Швајцарија, Франција и Норвешка, но никој не беше сигурен рано туку мораше до последен миг да се игра и да се чува победата.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, ВТОРА ФАЗА
ГРУПА 3
ШВАЈЦАРИЈА – ИСЛАНД 20:18 (ИЗВЕШТАЈ)
ФРАНЦИЈА – АЛЖИР 29:26 (ИЗВЕШТАЈ)
ПОРТУГАЛИЈА – НОРВЕШКА 28:29 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА
ГРУПА 4
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 21:31 (ИЗВЕШТАЈ)
РУСИЈА – ЕГИПЕТ 23:28 (ИЗВЕШТАЈ)
ШВЕДСКА – БЕЛОРУСИЈА 26:26 (ИЗВЕШТАЈ)
ТАБЕЛА