- Словенечката репрезентативка Нина Жулиќ е нова ракометарка на романскиот Глорија Бистрица. Таа досега беше дел од турскиот Кастамону со кој играше во Лигата на шампионите, а претходно играше за Крим.
- Словенечкиот првак Крим нема да бара нов тренер. На клупата останува екс членката на Кометал Ѓорче Петров, Наталија Дерепаско, од чија работа клубот е задоволен и ќе и даде шанса до крајот на сезоната.
- Данскиот стручњак Мортен Субак и во наредните две сезони ќе седи на клупата на романскиот тим Дунареа Браила. Екипата каде што игра Јована Саздовска е на делба на второто место на табелата во Романија со Валчеа и ЧСМ Букурешт.
- Хрватскиот среден бек Ана Марија Гавриќ издржа само два месеци во францускиот Брест Бретањ. Таа дојде во октомври од Локомотива Загреб како замена за Ѓурѓина Јауковиќ, но раководството на Брест не е задоволно од тоа што го покажа.
- Голманот на Динамо Букурешт, Саеид Хеидарирад го продолжи договорот со романскиот шампион. Чави Пасквал реши да го задржи популарниот „Нинџа“ и во наредните две сезони односно до 2024 година.
- Некогашниот македонски репрезентативец Ристо Арнаудовски, кој играше за нашата селекција на СП 2017 година, ќе биде тренер на австрискиот тим Ферлах. 40-годишниот лев бек досега работеше во младинската екипа.
- Рускиот вицепрвак ЦСКА Москва ангажираше нов чувар на мрежата. На местото на Никита Автономов, доаѓа голманот на Саратов, Станислав Тритенко, кој ќе биде дел и од руската репрезентација на ЕП.