Трансфер од соништата – Ракометарка на Куманово ќе игра во Франција (ФОТО)

Интернационалката од Грузија во редовите на Куманово, Медеа Чокели во новата сезона ќе настапува во една од најсилните лиги на светот.

22 – годишната ракометарка ќе го носи дресот на францускиот Мерињак, кој сезонава обезбеди опстанок во најсилната француска лига и во новата сезона влегува со амбиции за подобар пласман во самото натпреварување.

Чокели во Куманово пристигна во 2019 година од редовите на Пелистер. Пред нејзиниот ангажман во Македонија имаше настапи и за младинската екипа на Митјиланд од Данска.

Во изминатата сезона, Чокели со Куманово ја освои дуплата круна во Македонија.