- Кружниот напаѓач Марин Шипиќ, нема да го продолжи договорот со актуелниот хрватскиот шампион Загреб и веќе е во потрага на нова средина. Претходно Шипиќ беше член на Нексе, а пред да стане „плинар“ се поврзуваше со македонските екипи Вардар и Еурофарм Пелистер.
- Десното крило Марио Шоштариќ ја продолжи верноста со унгарскиот шампион ПИК Сегед и потпиша нов тригодишен договор, со кој се обврза да остане до 2025 година. Словенецот во ПИК Сегед игра од 2016 година.
- Белорускиот пивот Дмитри Дачук, кој минатата сезона ја одигра во Мешков Брест, се пресели во составот на Машека Могилев со кој ќе игра во СЕХА лигата. 22-годишниот Дачук претходно настапуваше за рускиот Таганрог.
- Покрај Шоштариќ и тренерот Пастор, ПИК Сегед се пофали и со нов договор за австрискиот репрезентативец Себастијан Фримел. Левото крило ќе остане во унгарскиот првак најмалку до 2025 година.
- Словенечкиот вицепрвак Тримо Требње донесе уште по едно засилување. По левиот бек Милјан Ивановиќ, но член на составот предводен од Урош Зорман е хрватскиот десен бек Крешимир Крешиќ. Тој потекнува од босанскиот тим Чаплина, а во последните четири сезони играше за хрватскиот Сесвете.
- Кружниот напаѓач на селекцијата на Зеленортските Острови и Бенфика, Паоло Морено ја продолжи соработката со португалскиот тим на уште три сезони. Морено ќе остане во освојувачот на трофејот во Лигата на Европа до 2025 година.