- Босанскиот репрезентативец Мирсад Терзиќ, ќе продолжи и во иднина да го носи дресот на полскиот вицепрвак Висла Плоцк. Терзиќ се договори за нова едногодишна соработка, која ќе трае до јуни 2023 година.
- Шпанската репрезентативка Кармен Мартин по завршувањето на сезоната ќе ја промени средината. Десното крило заминува од ЧСМ Букурешт, откако потпиша договор со шведскиот Савехоф, а таму може да и се придружи и Изабел Гулден.
- Словенечкиот голман Примож Прост кој заминува од бундеслигашот Штутгарт, најде нова средина. Тој потпиша договор со шведскиот тим Иштад и од следното лето ќе има нов предизвик. Прост е екс член на Монпелје, Гепинген, Горење…
- Десното крило Мариус Стенхаузер, реши на крајот од оваа сезона да си замине од Фленсбург. Сепак германскиот репрезентативец ќе остане во татковината и ќе ги брани боите на Хановер во следните две сезони.
- Шведскиот лев бек на Лимож, Мартин Линдел, по доаѓањето на Матеј Хрстиќ во клубот, заминува во Норвешка и од полусезоната ќе настапува за тимот на Рунар од Сандефјорд.
- Австрискиот голман Томас Бауер, по престојот во Катар во екипата на Ал Рајан, се враќа во Грција. Тој потпиша договор со Олимпијакос, а фановите на АЕК Атина, чии бои ги бранеше до лани, сигурно нема да бидат среќни поради оваа одлука.