- Словенечкиот пивотмен Вид Потеко на лето се сели во Бундес лигата. Потеко, кој имаше интернационално искуство во Мешков Брест, вторпат заминува од Целје, откако го стави потписот на договорот со Гепинген.
- Легендарната романска ракометарка Кристина Неагу не планира да замине надвор од Романија. Според тамошните медиуми таа се обврзала на нов двегодишен договор со ЧСМ Букурешт, иако клубот се уште нема официјализирано.
- Францускиот Данкерк по 11 сезони ќе има нов тренер. Патрик Казал заминува од клубот поради желбата на раководството за промени. Со Казал, Данкерк во 2011 го освои Купот, па Лига Купот, а во 2014 стана шампион на Франција.
- Српскиот репрезентативец Ѓорѓе Ѓекиќ, заминува од финскиот шампион Кокс на полусезона и ќе се пресели во францускиот Шарт. 28-годишниот среден бек ќе настапува во тимот предводен од српскиот селектор Тони Херона.
- Данскиот Есбјерг ги продолжи договорите со две ракометарки. Станува збор за норвешката репрезентативка Кристин Бреистол, која потпиша до 2024 година, како и за Турчинката Бејза Туркоглу, која потпиша договор на уште две сезони.
- Левиот бек Ласе Андерсон ја продолжи соработката со бундеслигашот Фуксе Берлин на уште две години. Данецот имаше активен договор до 2023 година, но го продолжи до 2025 година.