По поразот од Норвешка, Македонија загуби и во второто коло на Мундијалот во Полска и Шведска од селекцијата на Холандија со 34-24 и останува уште дуелот со Аргентина, на кој ќе мора да бркаме победа за место во главната рунда.
Ривалот уште во првиот дел направи висока залиха од седум гола, во второто полувреме Македонија се доближи на минус четири, но немаше сили да се доближи уште повеќе или да размислува за пресврт.
Голманот Мартин Томовски истакна дека договореното не било спроведено на терен, а недостасувале и голманските одбрани.
,,Се спремавме за овој дуел, но сигурно не беше доволно, на тоа што се договоривме на тоа и грешевме, немаа поддршка и од нас голманите, така што ни останува само да кренеме глава горе и да играме со Аргентина и да поминеме во следната фаза на СП. Ќе мораме да спогнеме сили, немаме друг избор, тоа е патот. Ова е еден нов систем за нас, се прилагодуваме јас и мојот колега, како и сите играчи, но тешко е, сепак, ќе се подготвиме за подобро и верувам дека ќе одаме напред. Дефинитивно е тешко со новиот систем, но мора да веруваме, ние сме тие на теренот, ние сме екипата и доколку не веруваме, нема што да бараме. Недостасува агресивност на сплотеност, но верувам дека со тек на времето ќе дојде”, изјави Томовски.
За Македонија останува уште дуелот со Аргентина на 17 јануари од 18:00 часот.
Македонија немоќна и против Холандија, Аргентина е последна шанса за прогрес