Томовски: Кил не играше најдобро, но ги казни нашите грешки

Ракометарите на Вардар загубија на тешкото гостување кај бундеслигашот Кил со 32-30, иако немаше да биде незаслужено ако се вратеа и со бод од овој дуел.

Голманот Мартин Томовски, кој имаше добра партија, вели дека Кил ги казни грешките на Вардар и затоа славеше триумф.

„Како што кажа тренерот, ова беше тежок натпревар. Можеби Кил не беше најдобар денеска, но нашите грешки беа казнети, па затоа загубивме. Мора да се фокусираме на нашата игра и да одиме напред“, изјави Томовски.

Следен и последен предизвик за Вардар оваа година во ЛШ ќе биде гостувањето кај Загреб на 8 декември.

Вардар заигра добро, се бореше 60 минути, но повторно загуби од Кил

Вујовиќ: Тешко е – цел меч се боревме и бевме блиску, но не освоивме бодови

Јиха: Вардар се бори до крај – секогаш успева да се врати во игра