Томовски и Чувара – потпишани и потврдени вардарци

Вардар веќе претстави дел од засилувањата за следната сезона Гурбиндо, Кудуз, Ѓукиќ, а неколкумина ракометари кои ја чекаат својата промоција како вардарови играчи.

Двајца од нив, репрезентативниот голман Мартин Томовски и левото крило, Полјакот, Јан Чувара првиот човек на „црвено-црните“, Михајло Михајловски ексклузивно ги потврди во викенд-интервјуто за 24ракомет.

„Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски е договорен и потпишан. Истото се однесува и за Јан Чувара – полскиот репрезентативец, кој ќе го подготвуваме и за година-две треба да биде замена за Дибиров. Со бекот од Египет сме во преговори и најголем проблем создава добивање дозвола од армија за да се случи трансферот. Чупиќ и Дисингер заминуваат. Не сакам да ги кажувам плановите ќе имаме уште неколку нови засилувања и Вардар следната сезона ќе биде минумим 30-40 посто посилен ако го споредиме со овогодишниот“, потврди Михајловски.

Во продолжение прочитајте го целосното интервју…

ИНТЕРВЈУ МИХАЈЛО МИХАЈЛОВСКИ: Вардар не е мој, тој е наш, македонски бренд – и државата тоа треба да го сфати!