Мартин Томовски и Лудвигсхафен имаа тешка задача во натпреварот од 14. коло во Бундес лигата против Фленсбург и беа поразени со убедливи 20:29.
Фаворитот на натпреварот, екипата на Фленсбург максимално влезе во дуелот и уште на стартот создаде добра предност. Поведоа со 2:0 и 5:1 и сигурно го контролираа резултатот во продолжението.
До крајот на првиот дел Лудвигсхафен немаше шанси да го загрози водството на противникот, имаа и највисоки пет негатива. На полувремето беше 11:15. Во вториот дел продолжи доминацијата на Фленсбург кој стигна до нова победа која го одржува во врвот на табелата.
Репрезентативниот голман на Македонија, Мартин Томовски бранеше 45 минути на натпреварот и успеа да одбрани пет удари на противникот. Хампус Ване беше убедливо најефикасен на натпреварот со 13 погодоци и беше најзаслужен за победата на Фленсбург.