Тимот што победува не се менува – Со 13 „сребрени“ од Египет на ОИ

Селекторот на репрезентацијата на Шведска, Глен Солберг го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за настап на Олимпискит игри во Токио. На списокот се најдоа 14 ракометари, а 13 од нив беа во тимот кој го освои сребрениот медал на Светското првенство во Египет.

Репрезентацијата првиот собир ќе го има на 9 јули во Истад, три дена потоа ќе го одиграат првиот подготвителен натпревар против Данска. На 14 јули Швеѓаните патуваат за Фукуока каде што ќе одиграат уште еден пријателски натпревар со Норвешка.

На Олимписките игри селекцијата на Шведска за противници во групната фаза ќе ги има селекциите на Бахреин, Јапонија, Португалија, Египет и Данска. Швеѓаните како светски вице-шампиони се едни од главните кандидати за олимписки медал.

СПИСОК НА ШВЕДСКА

АНДРЕАС ПАЛИЧКА (РАЈН НЕКАР), МИКАЕЛ АГЕФОРС (АЛБОРГ), ХАМПУС ВАНЕ, ЏИМ ГОТФРИТСОН (ФЛЕНСБУРГ), ЛУКАС ПЕЛАС, ФРЕДРИК ПЕТЕРСОН (МОНПЕЛЈЕ), МАКС ДАРЈ (БЕРГИШЕР), НИКЛАС ЕКБЕРГ, ОСКАР САНЕФЕЛД (КИЛ), ДАНИЕЛ ПЕТЕРСОН (МАГДЕБУРГ), ЏОНАТАН КАРЛСБОГОРД (ЛЕМГО), ФЕЛИКС КЛАР, ЛУКАС САНДЕЛ (АЛБОРГ), АЛБИН ЛАГЕРГРЕН (РАЈН НЕКАР).