Новиот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци донесе четврто интернационално засилување за новата сезона.
По Белорусинот Хапал, како и Србите Смиљаниќ и Медиќ, доаѓа уште еден среден бек од северниот сосед, Страхиња Симиќ.
Станува збор за одличен плејмејкер, што последните три сезони ги мина во Шпанија. По заминување од Раднички Крагуевац, Симиќ играше за Кањас, Виља де Аранда i Сантоња.
Заедно со неговиот сонародник Медиќ, како и со Јанчев и Ристовски, ќе биде дел од организаторите на играта на кавадарчани.
Тиквеш досега загуби две средби од Младост и од Металург, додека в петок го пречекува Бутел Скопје. На оваа средба би требало да дебитира и Симиќ.