Тимот на Тиквеш во новата сезона ќе има нов тренер. Станува збор за искустниот стратег Ристо Магдинчев кој ќе го наследи Горан Андоновски на клупата во Кавадарци и ќе го води тимот во Суперлигата.
Kaвадарчани по камбекот во елитното друштво минатата сезона, изборија опстанок во и го завршија плеј-аутот на второто место.
„Уште претходната година имав позитивно мислење за целокупниот проект на Тиквеш. Екипата има квалитетни поедици кои ги задржа и оваа година. Сметам дека станува збор за стабилен клуб во секој поглед. Од екипата очекувам максимална ангажираност, професионалност, дисциплина и фанатична борбеност“, вели Ристо Магдинчев.
авадарчани веќе имаат закажно висински подготовки и потврдено присуство на два турнири, турнирот во Струга и турнирот во Прилеп. Во меѓувреме се потврдени и неколку пријателски натпревари.
„Тиквеш е клуб кој заслужува да биде долги години во Суперлига. Како еден од постарите и поискусните домашни играчи во клубот, а и играч кој има и ракометна кариера и надвор од Македонија можам слободно да кажам дека овој клуб од година во година напредува се повеќе и повеќе. Условите за тренинг се одлични, покрај главниот тренер со нас работат и уште тројца тренери. Ефектите се покажаа и кај младите играчи, на пример пионерите беа на финалниот турнир во Струга. Новата сезона ќе ни донесе големи возбудувања, но знам дека ние ќе го прифатиме предизвикот и ќе имаме рамноправна борба со секој на терен“, вели капитенот Јанчев.
Магдинчев е искусен стратег, кој минатата сезона го водеше составот на Јуниор Кисела Вода, а претходно седеше на клупите на Вардар, ЖРК Вардар, ПСЖ…