Новиот освојувач на Купот на Франција ќе биде добиен после одигрување на финален натпревар во кој би требало да се соочат двете екипи кои после 21. коло во најсилната лига на Франција беа на првите две позиции.
Ова значи дека во мечот за пехарот би требало да играат составите на ПСЖ и Нант.
„Имаме два света, оној на Лигата и оној на Федерацијата. Тие живеат рамо до рамо, но не живеат заедно. Се надеваме дека односите и понатаму ќе се развиваат. Сепак, Упрвниот одбор на Лигата го изгласа овој предлог на Федерацијата, на која и беше потребно финале меѓу двете првопласирани екипи за да се привлече повеќе публика“, коментираше Тиери Анти, кој е нов тренер на Екс ан Прованс, а поранешен стратег на Нант каде работеше од 2009 до 2019 година.
Според одлуката веќе е јасно дека ПСЖ и Нант ќе играат во финалето од Купот на Франција.