Темелков и Керженг на чекор до втора рунда на Европскиот Куп

Изминатиот викенд се одиграа дел од натпреварите од првото коло од Европскиот Куп, но поголем број од нив ќе се одиграат на 16/17 септември.

Поранешниот македонски репрезентативец Владимир Темелков и неговиот Керженг, на гости кај естонскиот Талин одигра реми, 26-26.

Темелков постигна два гола на овој дуел, додека поранешните членови на Металург, Миха Пучник и Драган Вргоч, дадоа осум, односно еден гол.

Со ремито на гостински терен, Керженг станува фаворит пред реваншот во Луксембург за пласман во следната рунда.

Пласман во второто коло веќе обезбедија две екипи од Турција. Бешикташ, кој за двомечот со Донбас се подготвуваше во Охрид, не виде мака на двата натпревари.

Покрај Бешикташ, и тимот на Спор Тото со две победи против финскиот ХИФК Хелсинки оди во втора рунда.

Европски Куп, резултати, 1 коло:

ХИФК (Финска) – Спор Тото (Турција) 28-29, 29-36
Бешикташ (Турција) – Донбас (Украина) 41-30, 43-19
Берхем (Луксембург) – Фиверс (Австрија) 33-33
Меран (Италија) – Динамо Панчево (Србија) 27-30
Брно (Чешка) – Робе Жубри (Чешка) 28-22
Талин (Естонија) – Керженг (Луксембург) 26-26