Илија Темелковски за прв пат отворено зборуваше за конфликтот кој го имал со Раде Стојановиќ на СП 2009 во Хрватска и раскажа што точно се случило…
„Тоа првенство Раде Стојановиќ го зедов во тимот затоа што имаше и стаж и кредит. Беше еден од клучните играчи во баражот кога го елиминиравме Исланд, но во меѓувреме имаше тешка повреда на коленото и го зедов во тимот половично рехабилитиран. Го штедевме коленото во текот на подготовките и беше во состав кој патуваше за Хрватска, но ако денеска 16 играчи се соблекуваат, тогаш во состав беа 14. Можеби ако и тогаш беа 16 ќе направевме поголем успех. Ние имавме добар костур, но тенка клупа и носителите на игра многу се трошеа. Кога ќе се потсетам Кире ослабна седум килограми на тоа првенство од напор, заедно со Алушевски, Ванчо Димовски, кој со една нога играше на тоа СП… Нејсе… Раде не го соблеков на првите три меча, а потоа четвртиот меч против Германија, Кире добива црвен картон во клучен момент и го губиме мечот. По тој пораз Раде револтиран и со став дека требал да игра се соочи со мене во ходникот во салата. Ми пријде и ми вели ’Виде ли селекторе што направи’, ме зграби за градите и ме турна. Го видоа тоа и други членови од стручниот штаб, јас го протолкував како напад врз селектор и не можев да се смирам. Свикав состанок на кој децидно кажав или тој заминува или јас. Раде другиот ден замина за Скопје, а на негово место дојде Стојанче Стоилов, кој од тоа првенство, па до денеска е стандарден репрезентативец.“
Комплетно интервју може да го прочитате подолу.
ИНТЕРВЈУ ИЛИЈА ТЕМЕЛКОВСКИ: Треба ’длабок рез’ во А репрезентацијата ако сакаме да одиме напред!