Тимот на Текстилец од Штип со победа над Борец со 30-26 ја заврши сезоната во прволигашкиот плеј-аут.
Гостите од Велес допатуваа само со осум ракометари, но и така му парираа на домашниот тим. Водеа штипјани со четири гола во првиот дел, но Борец до паузата намали на 14-13.
Со серија од четири гола на стартот на вториот дел, Текстилец се одлепи на плус пет, 18-13 и до крајот немаше дилеми околу победникот во овој неважен натпревар.
Најдобри стрелци кај Текстилец беа Бобан Димитријев со шест гола, а по пет постигнаа Стојанче Ристов и Милисав Петров, додека за Борец, Лазар Стојанов и Борис Ристовски стрелаа по шест пати.