Ракометарите на Нексе утре ќе му гостуваат на Еурофарм Пелистер во рамки од последното коло од групната фаза во регионалната СЕХА лига.
Хрватскиот вицепрвак на првата средба, која беше одиграна во Нашице, забележа победа со четири гола разлика, 29:25.
Тренерот на Нексе, Бранко Тамше даде свој коментар пред утрешниот дуел со тимот на Јовиќ.
,,Свесни сме дека во Битола не очекува фантастична атмосфера. Сè уште ни недостигаат некои наши играчи кои имаа репрезентативни обврски. Имаме почит кон Еурофарм Пелистер и нашата цел на овој дуел ќе биде што подолго да играме на високо ниво, како и да уживаме во играта и да видиме каков ќе биде крајниот епилог”, изјави Тамше.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.
Јовиќ: Имаме добри индивидуалци кои треба да ги вклопиме во добар тим