Александар Јовиќ беше тренерот кој од Академијата на Металург ги порасна Филип Талески и Филип Кузмановски, каде и двајцата имаа голем напредок.
Оттука неизбежно беше прашањето – која според него е причината што Талески и Кузмановски од најголеми надежи, им се случи период на стагнација?
„Главниот проблем според мене е што прерано отидоа во странство. На 20 години и тоа во клубови кои имаат големи амбиции. Повторно се враќаме на тоа, ти си млад играч и не може тебе екипа која брка резултат да те чека. Талески од најдобар стрелец во Металург, не ни играше во РНЛ, а играч без натпревари не може да напредува. Не беа зрели како личности, а второ не беа зрели ниту како играчи. Според мене во странство пред 24-25 години не треба никој да оди, потребно е да го мине процесот на созревање. На последните натпревари за репрезентација покажаа дека се создава нешто ново и мислам дека е прашање на време кога ќе го покажат она вистинското. Ние мора да бидеме и реални, пласман на големо натпреварување за нас е успех. Нашите амбиции се секогаш преголеми од реалните можности, но како генерација за година-две, кога ќе се повлечат поискусните и кога ќе бидат оставени сами на себе ќе се покажат во поинакво светло. Според мене концептот на Брестовац беше катастрофален, нас ни треба класичен среден бек како Миркуловски и малиот Ѓоргиев мислам дека е вистинското решение, одличен е.“
Подолу прочитајте го разговорот со Јовиќ…
ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ЈОВИЌ: За создавање млади играчи треба систем и трпение, кои ние ги немаме