Талески и Бенфика со дерби пораз кај Спортинг, браќата Кошта постигнаа 23 гола!

Тимот на Бенфика, каде што од оваа сезона игра Филип Талески, загуби во првото коло од португалскиот шампионат.

Бенфика беше поразена во дерби дуелот од Спортинг Лисабон со 31-26, откако и на полувремето имаше минус три, 15-12.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа браќата Франциско (8) и Мартин (15) Кошта кои практично сами го победија ривалот.

Во составот на Хота Гонзалес, најмногу голови постигна Петар Ѓорѓиќ – вкупно осум, додека Талески не се запиша во листата на стрелците.