Македонскиот репрезентативец Филип Талески го продолжи договорот со Вардар и останува најмалку уште една сезона во „црвено-црн“ дрес.
Се пишуваше дека Металург го сака назад, а и јавна тајна е дека Еурофарм Пелистер веќе неколку сезони наназад се обидува да го донесе во Битола.
„Понуда од Металург не сум имал и пишувањата во медиумите можеби беа поттикнати од некој, но на моја адреса немаше никаква понуда. Еурофарм Пелистер ме бараа и сезонава и пред две сезони кога од РНЛ преминав во Балинген, но сметам дека за мене е најдобро да останам во Вардар. Кога се вратив во Македонија лани имав понуди и за да останам во Германија, но престиж е двократен европски првак да те сака во своите редови и нормално дека прифатив да се вратам дома, односно да играм за Вардар“.
Целото интервју со Филип Талески прочитајте го во продожение…