Талески: Вардар ќе се покаже во вистинско светло против Веспрем

Ракометарите на Вардар ги очекува првиот осминафинален натпревар против унгарскиот Веспрем во Лигата на шампионите.

Левиот бек Филип Талески очекува реванш против унгарскиот тим за поразот во СЕХА финалето пред стартот на сезоната на Ф4 турнирот.

„Овој дуел е многу важен за нас. Игравме со Веспрем во септември финалето на СЕХА лига и доволни ни се познати. Тогаш не одигравме најдобро, имаше могу нови бекови и не бевме воиграни, беше почеток на сезона. Мислам дека сега е поинаку, по осум девет месеци работа на оваа екипа заедно треба да му се реваншираме на Веспрем. Знаеме дека тие играат цврста и квалитетна одбрана и ќе треба максимално фокусирано да ги решаваме сите ситуации во нападот. Но и ние треба да одиграме исто таква одбрана и мислам дека ако одиграме како што знаеме во одбрана, со брзи голови треба да имаме предност. Имавме малку тежок период, но фокусирани сме на овој натпревар затоа што знаеме колку е важен, и колку е важно Вардар да се покаже во вистинско светло, бидејќи за тоа немаше многу прилики поради корона-кризата“, вели Талески.

Наптреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.