Талески: Вардар е големо име!

Ракометарите на Вардар триумфираа против Еурофарм Пелистер со 23-22 и го освоија трофејот во Купот на Македонија.

Меч винер беше Филип Талески, кој го постигна голот за победа и покажа уште еднаш дека сезонава е во одлична форма.

„Вардар има многу големо име. Во последните 5-6 години клубот покажува дека има голем карактер и кога губи знае да победува и не се откажува до последниот момент. Водевме со плус, ни направи ривалот серија од 0-8 што мислам дека е недопустливо. Во второто полувреме имавме и негатива од 5 голови. Меѓутоа верувавме во тоа што се договоривме во соблекувалната. Победата ни беше во глава и на крај пресуди карактерот на Вардар. Честитки до Еурофарм Пелистер, но повторно во тие клучни моменти немаа играч што ќе преземе одговорност“, изјави Талески.