Денеска продолжува сезоната во Супер машката лига, а според програмата и распоредот на средбите денеска се играат пет дуели од 17. коло.
Во последните неколку часа на социјалните мрежи се појавија најави дека денеска ракометарите на Металург може и да не излезат на терен така што неизвесно е како ќе изгледа стартот на продолжението од сезоната. Ситуацијата во клубот и понатаму е тешка и неизвесна, па останува денеска да се види дали ќе има дуел против Вардар или не.
Досега тимовите одиграа 16 средби од регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига, а остануваат уште шест кои треба да бидаат одиграни до крајот на февруари. На крајот од овој месец ќе биде познато кои тимови ќе се пласираат во плеј-офот, а кои ќе играат во плеј-аут. И едната и другата лига ќе имаат по шест тима.
СУПЕР МАШКА ЛИГА, 17. КОЛО
СРЕДА, 2 ФЕВРУАРИ
17:00ч
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СКОПЈЕ 2020
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветаноски од Прилеп.
18:00ч
МЕТАЛУРГ – ВАРДАР
Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.
БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАДОВИШ
Сала: Антон Димитров во Скопје. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.
18:30ч
ПРОЛЕТ – СТРУГА
Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.
19:00ч
ПРИЛЕП – ГРК ТИКВЕШ
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.
ЧЕТВРТОК, 3 ФЕВРУАРИ
18:00ч
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.
ТАБЕЛА