Од македонските лиги може да има 37 претставници на ЕП, битолчани со дури 14 репрезентативци!

Европската ракометна федерација ги објави пошироките списоци од по 35 ракометари на сите репрезентации што ќе учествуваат на претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.

Од македонските Суперлига и Прва лига, на списоците на седуммина селектори (Лазаров – Македонија, Рогановиќ – Црна Гора, Гулјаш – Унгарија, Обрван – Босна и Херцеговина, Ромбел – Полска, Херона – Србија, Хорват – Хрватска) се најдоа 37 ракометари, од кои (според наша проценка) околу триесетина ќе се најдат на скратените списоци и ќе бидат дел од континенталниот собир.

Логично, најмногу играчи од македонските лиги, има во македонската репрезентација – вкупно 25. По тројца играчи од Суперлигата има во селекциите на Црна Гора и Хрватска, по двајца во Полска и Босна и Херцеговина, а по еден во Унгарија и Србија.

Од клубовите, најмногу репрезентативци во овие седум селекции дава Еурофарм Пелистер, 12, со вториот тим заедно се 14. Бројката сигурно ќе беше поголема бидејќи Лазаров ги планираше браќата Атанасијевиќ и Ѓорговски. По овој податок, јасно е дека битолските клубови се движат во вистинска насока и допрва треба да се очекуваат плодовите од одличната работа.

Вардар има десет репрезентативци, а интересно – трет на листата е новиот прволигаш Алкалоид. Четири клуба даваат по двајца репрезентативци – Охрид, Еурофарм Пелистер 2, Металург и Бутел Скопје, а по еден Струга, Тиквеш и Пролет.

Број на играчи по репрезентации од Супер (Прва) лига на поширок список пред ЕП:

Македонија – 25

Пролет – 1 (Аларов)
Вардар – 6 (Талески, Стоилов, Томовски, Георгиевски, Атанасовски, Мишевски)
Бутел Скопје – 2 (Чаневски, Митев)
Алкалоид – 4 (Стојковиќ, Ѓорѓиев, Симоноски, Серафимов)
Еурофарм Пелистер – 6 (Маџовски, Ојлески, Маркоски, Костески, Кизиќ, Велковски)
Еурофарм Пелистер 2 – (Кузманоски, Трајкоски)
Металург – 2 (Петковски, Петров)
Тиквеш – 1 (Кондев)
Охрид – 1 (Младеновиќ)

Босна и Херцеговина – 2

Еурофарм Пелистер – 2 (Периќ, Граџан)

Црна Гора – 3

Охрид – 1 (Брауновиќ)
Струга – 1 (Матовиќ)
Еурофарм Пелистер – 1 (Радовиќ)

Унгарија – 1

Еурофарм Пелистер – 1 (Секељ)

Хрватска – 3

Еурофарм Пелистер – 2 (Мараш, Божиќ Павлетиќ)
Вардар – 1 (Гаџа)

Србија – 1 

Вардар – 1 (Ѓукиќ)

Полска – 2

Вардар – 2 (Чувара, Валчак)

Клубови со репрезентативци на ЕП:

Еурофарм Пелистер – 12
Вардар – 10
Алкалоид – 4
Бутел Скопје – 2
Еурофарм Пелистер 2 -2 
Охрид – 2
Металург – 2
Струга – 1
Тиквеш – 1
Пролет – 1