Славе Николов и Ѓорѓи Начевски каде и да одат се познати како македонски судиски пар, но државата (барем засега) не покажува некој голем интерес кога станува збор за нивната работа.
Тие судат и на трета Олимпијада во низа, а МОК на официјалната промоција воопшто не ги ни спомена како дел од нашите претставници во Токио.
„Три Олимпијади, по шест Светски и Европски првенства, европско финале… Да бевме спортисти досега ќе имавме стипендии, пензии, еднократна годишна помош, нешто! Ние не спаѓаме во ниту една категорија на институциите, никаде не сме вклучени, МОК дури нè не ни спомена како претставници во Токио. Нè ни е јасно зошто!? Ние како Николов и Начевски сепак ја претставуваме Македонија, не само на Игрите, каде и да одиме, а ниту РФМ, ниту МОК, ниту АМС како да не го гледаат тоа.“
Целото интервју со Начевски и Николов прочитајте го во продолжение…
ИНТЕРВЈУ: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, македонските адути за олимписко финале!