Стружанки доминираа во Битола, решија сè за едно полувреме

Екипата на Стружанка се враќа од гостувањето во Битола со три бода откако денеска успеа да го совлада Пелистер со 33:25.

Во игра во која гостинките беа во водство од првата минута практично сè беше јасно уште при заминувањето на одмор бидејќи тогаш беше одлучен победникот на овој дуел. Гостинките одработија добро прво полувреме во кое успеаја да се изборат за предност од девет гола. Водеа со 17:8 така што ова беше резултат кој гарантираше мирно продолжение на натпреварот.

Вториот дел донесе израмнета борба бидејќи деветте гола разлика беа намалени најмногу до шест погодоци така што тоа беше најмногу што составот на Пелистер успеа да го направи. Во продолжение, гостинките имаа целосна контрола бидејќи веа во постојана предност од 7-8 погодоци за на крајот да се изборат за победа од 33:25 и нови бодови со кои ја задржуваат позицијата на табелата.

ПЕЛИСТЕР – СТРУЖАНКА            25:33 (8:17)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

ПЕЛИСТЕР: Гецовска, Ѓоргиевска, Босиловска 1, Николоска, Етемовска, Милосављевиќ 3, Спировска, Кајчевска, Наумовска 3, Тодовоска, Дишовска, Белевска 11, Јанкуловска 7, Бошевска.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 6 мин.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ѓокеска, Ѓерѓеска, Јовичинац 3, Голабоска 2, Дукоска 4, Переска 3, Б. Затуроска 3, Балоска, И. Затуроска 5, Ѓоршулеска, Јусуфи, Петреска, Делиоска 13.

Седмерци: 7/7, Исклучувања: 8 мин.