Стружанка убедлива против Пелистер

Во дуелот на двете последно пласирани екипи на табелата во плеј-офот од Женската лига, Стружанка на домашен терен беше убедлива против Пелистер и славеше победа од 30:20.

Домашниот тим имаше силен старт на мечот, отвори со 8:2 и целосно го контролираше резултатот. До полувремето Пелистер тешко постигнуваше гол и на паузата имаше негатива од седум гола, 15:8.

Продолжението не донесе никаква промена на теренот, Стружанка играше сигурно и постојано имаше сигурна позитива. До крај на натпреварот без поголеми проблеми одиграа рутински за победа и избегнување на дното на табелата.

Најпрецизна за екипата на Стружанка беше Магдалена Делиоска со седум гола, шест постигна Далипоска. Во екипата на Пелистер се истакна Марија Јанкуловска со осум погодоци.