Ракометарките на Вардар со висок триумф ја отворија новата сезона во Женската лига, во која ќе се обидат да конкурираат за врвот со Куманово, Металург, Чаир…
Избраничките на Драгана Ристова забележаа победа на незгодното гостување кај составот на Стружанка со десет погодоци разлика, 20-30.
Домаќинот, кој имаше скратен ростер на овој натпревар парираше до 45. минута, кога беше само еден разлика за вардарки, 19-20.
Претходно на паузата, гостинките водеа со 12-14, но Стружанка стигна до 17-17. По 19-20, домашните ракометарки постигнаа само еден гол до самиот крај, а вардарки безмилосно ги казнуваа сите нивни грешки и на крајот победија дури со десет голови разлика, 20-30.
Најдобри стрелци кај „црвено-црните“ беа Сара Миновска со девет и Ивона Трпевска со седум погодоци, додека кај Стружанка се истакна Ивана Затуроска со седум голови.