Како и долги години наназад, Македонската радио телевизија ќе биде местото каде што љубителите на ракометот ќе може да ги следат возбудувањата од Струшкиот турнир.
Почнувајќи од среда, 16 август, па до сабота, 19 август, на програмите на МТВ ќе бидат емитувани директни преноси од натпреварите на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.
Термините за натпреварите се 18:30 и 20:30 часот, а покрај на МТВ, натпреварите од 51. издание на Струшкиот турнир ќе може да ги гледате и преку live stream на 24Ракомет.
Покрај домаќинот Струга, од македонските екипи ќе учествуваат Вардар и Алкалоид, додека од странство доаѓаат грчкиот АЕК Атина, српскиот Динамо Панчево и шведскиот тим Ескилстуна Гиуф.
Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!