Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра традиционалниот ракометен турнир. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри...
На 51. издание на Струшкиот турнир ќе учествува екипата на Ескилстуна Гуиф од Шведска. Станува збор за клуб со богата традиција и клуб кој во клупска историја четири пати има играно во финалето на плеј-офот на шведскиот шампионат.
Во 1997, 2001, 2009 и 2011 година, Ескилстуна Гуиф имаше шанси да освои титула, но не успеа ниту еднаш. Овој клуб има одиграно 54 сезони во најквалитетната шведска дивизија и се наоѓа на четвртото место на вечната листа на клубови со најмногу сезони во елитата.
Актуелен тренер на Ескилстуна Гуиф е поранешниот селектор на Црна Гора, Зоран Рогановиќ, кој го презема клубот во 2019 година. Искусниот стратег со Ескилстуна Гуиф забележува солидни резултати во домашниот шампионат. Дел од клубот е и неговиот син, талентираниот Никола Рогановиќ.
Минатата сезона Ескилстуна Гуиф беше седми на табелата во регуларниот дел и беше елиминиран во четвртфиналето на плеј-офот од Савехоф. Тимот на Зоран Рогановиќ токму на Струшкиот турнир ќе ја одработи втората фаза од подготвителниот период.
Овој тим во 2019 беше учесник на турнирот во Струга и успеа да покаже добри партии. Од Струга си замина со добри спомени и со освоеното трето место.
Шведскиот претставник на традиционалниот турнир ќе биде во група со двократниот европски шампион Вардар и домашната екипа Струга.
клучни игрчи: Каспер Ларсон, Павле Карачиќ, Маркус Екман
натпревари на Ескилстуна Гуиф на турнирот во Струга
Струга (17 август)
Вардар (18 август)
за пласман (19 август)
Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.
.
.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!