Екипата на АЕК Атина со победа го започна настапот на 51. издание на Струшкиот турнир, откако во неизвесен финиш славеше против Динамо Панчево со 26:25 (14:11).
Иако првото полувреме мина во знакот на грчкиот претставник, кој во воведните десет минути не дозволи Динамо Панчево да постигне гол, сепак, во вториот дел, избраниците на Драган Марковиќ целосно се вратија во игра, се надминаа себеси и до последната минута беа во игра за победа.
АЕК Атина по одличната игра во првите 30 минути, во кои беше предводен од искусниот голман Иван Мацкевиќ, се опушти во вториот дел и дозволи тимот од Панчево да направи пресврт.
По водството на АЕК Атина од 17:14, тимот на Марковиќ направи серија од 3:0 израмнувајќи го за првпат резултатот на 17:17. Следуваше игра гол за гол и по нерешените 20:20, грчкиот шампион успеа да направи исчекор, замина на 23:20 и позитивата од плус не успеа да ја задржи, бидејќи Динамо Панчево најпрво израмни на 23:23, потоа со два гола на празна мрежа се оддалечи на 25:23 во 56-та минута.
Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.
.
.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!