СТРУГА 2023: Динамо Панчево – некогашниот југословенски првак со нови лица доаѓа на традиционалниот турнир

Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра традиционалниот ракометен турнир. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри...

На 51. издание на Струшкиот турнир ќе учествува и амбициозниот суперлигаш од Србија, Динамо Панчево.

Станува збор за клуб кој веќе во првата деценија од постоењето, односно во 1955 и 1957 година стана шампион на Југославија, а беше вицепрвак три пати.

Динамо Панчево во Купот на некогашната држава СФРЈ играше осум пати во полуфиналето, а еднаш беше финалист во 1972 година.

Во поновата историја, Динамо Панчево, влезе во српската елита во 2015/16 година и веќе следната сезона стана вицепрвак. Амбициозниот тим во сезоната 2017/18 година како втор претставник на Србија, играше и во регионалната СЕХА лига.

Минатата сезона Динамо Панчево третпат ја претставуваше Србија во европските купови и во ЕХФ Купот под водство на тренерот Ненад Краљевски стигна до осминафиналето и за првпат во историјата мина најмалку едно коло во Европа.

Во моментов на клупата на Динамо Панчево е некогашниот селектор на Босна и Херцеговина, Драган Марковиќ.

Клубот во однос на минатата сезона претрпе големи промени, па така настапот на турнирот во Струга ќе биде вистински тест за подновениот клуб од Панчево.

клучни играчи: Радован Остојиќ, Илија Богдановиќ, Милош Костадиновиќ

Натпревари на Динамо Панчево на турнирот во Струга:

Алкалоид (16 август)

АЕК Атина (17 август)

за пласман (19 август)

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!