По вчерашниот старт на 51. издание на Струшкиот турнир, денес е вториот ден на кој исто така ќе бидат одиграни два дуели, по еден од двете групи.
Српскиот претставник Динамо Панчево, кој на стартот беше поразен од македонскиот вицепрвак Алкалоид, првата победа ќе ја брка против АЕК Атина.
Домаќинот Струга ќе се обиде да се покаже во добро светло против тимот од Шведска, Ескилстуна Гуиф.
Стружани во првото коло на турнирот беа убедливо поразени од поранешниот македонски шампион Вардар.
Екипите на Вардар и Алкалоид денес имаат одмор, додека утре ги очекува дуел со Ескилстуна Гуиф, односно АЕК Атина.
Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.
.
.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!