Битолски Еурофарм Пелистер по девет години повторно освои трофеј на местото каде што славеше во 2011 година.
На Струшкиот турнир битолчани го победија европскиот шампион Вардар со 26-23 и заслужено се радуваа на крајот.
Десното крило Милан Ѓукиќ доби титула како подарок од соиграчите за неговиот 35-ти роденден.
По завршувањето на мечот доби и торта…