СТРУГА 2020: Кој против кого победуваше во последните 15 финалиња

На последните 15 финални натпревари на Струшкиот турнир само трипати се случило во мечот за трофејот да нема екипа од Македонија. Ова беше ситуација во последните пет години кога во 2015, 2017 и 2018 година немаше екипа од Македонија која влезе во финалето.

На другите 12 натпревари од 2004 година наваму редовно се случуваше барем еден од финалистите да биде македонски состав така што и годинава ќе може да има домашен состав односно двата финалисти ќе бидат од Супер машката лига.

Четирипати се случило екипите во финалето да бидат домашни, а големото дерби се случи во 2014 година кога Металург го надигра Вардар. Во 2006 година во финалето играше младинската селекција на Македонија така што може да се видат сите финалисти и резултати од последните 15 години на турнирот кој годинава го доживува својот 48. издание.

ПОСЛЕДНИ 15 ФИНАЛИЊА НА СТРУШКИОТ ТУРНИР

2004 Вардар – Металопластика 28:24

2005 Вардар – Вилфранш 33:32

2006 Вардар – Македонија Младинци 33:23

2007 Вардар – Динамо Букурешт 34:30

2008 Приштина – МРК Вардар 27:26

2009 В. В. Тиквеш – Пелистер 27:26

2011 Пелистер – Борец 21:16

2012 Металург – Минск 26:23

2013 Металург – Иври 24:22

2014 Металург – Вардар 25:19

2015 Сесон Рен – Динамо Букурешт 33:24

2016 Шартр – Металург 26:23 пен. (22:22)

2017 Шартр – Бешикташ 29:26

2018 Целје – Констанца 25:24

2019 Аек – Еурофарм Работник 27:23