После денот одмор ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска без поголеми проблеми дојдоа до нова победа на Струшкиот турнир совладувајќи го составот на Прилеп со 38:17.
Од стартот на средбата екипата на Еурофарм Пелистер наметна свое темпо, но прилепчани успеваа да се одржуваа на пристојна негатива. Дури имаа и водство од 2:1, а набрзо потоа имаа и нерешени 3:3 во 8. минута.
Тука тимот од Битола почна со контрола на резултатот и со зголемување на предноста. Немаше никакви проблеми за да се дојде до зголемување на водството така што постојано е добиваше на предност и беше јасно дека ќе нема поголеми проблеми во продолжението да се дојде до резултат со кој без проблеми ќе се освојат бодовите.
Екипата на Прилеп се одржуваше и понатаму на негатива која беше задоволувачка, но после 20. минута се загуби чекорот и до крајот на првите 30 минути негативата беше осум гола. На одмор Еурофарм Пелистер замина со 18:10.
За две минути игра во второто полувреме Прилеп намали на 18:12, а потоа 16 минути голот на Чаневски мируваше. Во ова време Еурофарм Пелистер постигна десет гола и дојде до 28:12. Тука веќе беше и повеќе од јасно кој победува на овој меч односно дека средбата ќе финишира со висока предност за составот од Битола.
Со ова Еурофарм Пелистер успеа да стигне до вториот триумф на турнирот, а е голем фаворит за победа и на утрешниот натпревар против Струга така што останува само утре да го потврди местото во финалето на 48. издание од Струшкиот турнир.